Нема пари за дом за стари лица во Кочани
Седум години повозрасните кочанчани чекаат да започне изградбата на дом за стари лица. Според проектот, домот би имал капацитет од 157 легла и би се користеле термални води. Меѓутоа, поради кризата, на општината и здружението на пензионери од страна на Министерството за труд и социјална политика им било предложено да го изменат проектот, а домот да има 100 легла помалку. Бидејќи предлогот бил одбиен, од Министерството ги известиле дека средства за дом за стари лица ќе нема. Кочанчани велат дека потреба има.
-
Требаше да се направи таква установа да има каде да се згрижат луѓето. Има некои што се беспомошни, нема кој да им помогне околу одржување на хигиена, исхрана, друго, трето..
-
Многу години го градат, ама не се го изградиле, не се ни почнале да го градат, а има многу стари што име треба дом.
-
Потреба има и елаборат има изготвено преку Здружението на пензионерите, меѓутоа нема инвеститор- анкета кочанчани.
После толку поминати години и празни ветувања, веќе изгубиле секаква верба.
-
Не верувам. Mногу средства се вложија каде што не треба, а каде што треба не се вложува.
-
Нешто во Македонија многу се ветува, ама не се извршува- анкета кочанчани.
На Кочани годинава требаше да му бидат одобрени средства за оваа намена во висина од 30 милиони денари. Штипските пензионери пак парите си ги потрошија, но домот остана само карабина, зашто се испостави дека бил дивоградба.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар