Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец

Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец, објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Ова, како што вели Николоски, е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност.
Тој посочи дека Министерството за транспорт, како надлежна институција за објекти од прва категорија, како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти, во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија.
- Во координација на повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец, напиша Николоки.
Имајќи предвид, како што поочи Николоски, дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучиле да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.
- Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност, објави на Фејсбук вицепремиерот Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
-

Срушениот потпорен ѕид на штипска Клиничка отворена закана за пешаците и возачите
-

Преглед на вестите од светот
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
