Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција во ЕУ
Нови правила за транспарентност за моделите на вештачка интелигенција (ВИ) за општа намена, како што се Чет-ГПТ и Џемини, стапија на сила денеска низ цела Европска Унија, како дел од значајниот закон за вештачка интелигенција усвоен минатата година.
Според новите правила, програмерите мора да откријат како функционираат нивните модели и кои податоци се користени за нивна обука.
За особено напредните модели, кои се сметаат за потенцијални ризици за јавноста, мора да се документираат и безбедносните мерки.
Вештачката интелигенција за општа намена се однесува на системи што можат да се користат за широк спектар на цели, како што се генерирање текст, анализа на јазик или пишување код.
Законот делумно е наменет за подобра заштита на авторските права.
Програмерите сега мора да ги пријават изворите на нивните податоци за обука и дали користеле автоматско собирање податоци од веб-страници, како и да ги наведат чекорите преземени за заштита на интелектуалната сопственост.
МИА
Ново на Сител
-
Коцевски не заминува од функцијата, имал премногу работа како Јавен обвинител
-
„Едвај чекам“, рече Арсовска по најавите на Ганиу дека ќе ја тужи
-
РСБСП: Безбедно лето, вози одморен
-
Службите можат да здивнат - Само еден активен пожар на Готен
-
Фондот за здравство плаќал за лекување во странство, ама не водел контрола каков е исходот
-
Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани
-
Николоски: Пет нови авиолинии од Скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
-
Собранието ја почна 61.та седница, спикерот Гаши зборуваше за процедурата за изборот на народен правобранител