Пензионерите до крајот на септември ќе ги добијат покачените пензии
Седум проценти покачување на пензиите до крајот на месецот, најави денеска од Штип, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
- Согласно новата методологија која што ја донесовме во март 2022-ра година, односно усогласување 50 % на трошоците на живот и 50% во однос на просечната плата - изјави Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика
Во системот на социјална заштита се вклучени околу 36 000 домаќинства, приматели на гарантирана минимална помош.
- Постојат мерки и за семејства кои што се со еден родител, како и за оние семејства каде има 2,3 или повеќе деца. Овде зборувам за детскиот и обраозвниот додаток, кој навистина вклучи поголем број семејства, за разлика од претходниот систем кој што ги ограничуваше семсјтвата за да ја примаат помошта - додаде Тренчевска
Тренчевска го посети специјализираното советувалиште за жени и девојки, жртви на семејно насилство и нивните деца. За неполна година, за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка во штипското советувалиште се обратиле 176 жртви на насилство.
- Повеќе од 40% се зголеми бројот на пријавувања на насислтво врз жени, особено на семејно насилство, меѓутоа и на насилство врз жени на работно место, што е мошне интересен податок кој ќе ги заинтересира релевантните кои се занимаваат со оваа област - изјави Бети Пееве, НВО „ЕХО“- Штип
Од невладината „ЕХО“ стравуваат дека економската криза, како и претходно пандемијата, ќе го зголеми бројот на пријави и затоа се работи на мултисекторски пристап, со вклучување на полицијата, обвинителството, центарот за социјални работи и општините, а потребна е и финансиска поддршка од надлежното министерство.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар