-->
-->
Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва
-->

Поканата на рускиот претседател Владимир Путин упатена до американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Москва останува во сила, а натамошните одлуки ќе ги донесе американската страна, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Поканата не е на чекање. Тоа е постојана покана. Путин е подготвен и среќен да се сретне со претседателот Трамп. Сè зависи од одлуката на Трамп – рече Песков.
Во август, по разговорите со Трамп во Анкориџ, Алјаска, Путин предложи следната средба да се одржи во Москва.
Американскиот претседател го сметаше тоа за можно, иако призна дека поради тоа ќе биде критикуван, наведува руска новинска агенција.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче уверува дека на следни избори ќе ја освојат власта, ВМРО-ДПМНЕ со критики за раководството на СДСМ
-

Јаневска: Нема предвремен распуст поради загадувањето и зголемениот број на болни деца
-

Завршни зборови за сообраќајката зад Влада, пресудата во понеделник
-

Нови можности за работна сила
-

Преглед на вестите од светот
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
