Почина оперската примадона Милка Ефтимова

Оперската примадона и доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот Милка Ефтимова почина утрово во Скопје на 89 години.
Во својата долготрајна, богата и плодна кариера, таа отпеа четириесет оперски улоги, како и многубројни партии во ораторијални дела и соло изведби, застанувајќи повеќе од 1.200 пати на оперската и концертната сцена, во дваесетина земји низ светот.
Со извонредна музикалност и изразито чувство за артизам, таа ги креираше Орфеј во „Орфеј и Евридика", Ацучена во „Трубадур", Еболи во „Дон Карлос", Сузуки во „Мадам Батерфлај", Марфа во „Хованшчина", Урлика во „Бал под маски" и многу други, а најголем печат остави во насловната улога на „Кармен". Од оперската сцена јубилејно се прости токму со Кармен на 6 ноември 1991 година.
Милка Ефтимова беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, наставник на Музичко-балетскиот училиштен центар во Скопје и Средното музичко училиште во Штип. Во нејзината богата оперска кариера одликувана е со наградите: „11 Октомври“ (1985), „Св.Климент Охридски“ (2001), „Мајка Тереза“ (2009), како и Орден за заслуги на Република Северна Македонија (2022).
Ново на Сител
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
