Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“

Шпанскиот фудбалски првак Барселона објави денеска дека враќањето на стадионот „Камп Ноу“ нема да се случи на почетокот на август како што беше претходно најавено.
Ова е ново одложување на враќањето на Барселона во својот дом, бидејќи по реновирањето, сè уште не се исполнети сите услови за враќање на играчите на „Камп Ноу“.
Барселона официјално не објави нов датум за враќање на својот легендарен стадион, но тоа би можело да се случи во четвртото коло од новата сезона во шпанската Ла Лига кога каталонскиот клуб е домаќин на Валенсија на 13 или 14 октомври.
Во првите три кола од новата сезона Барселона ќе игра на гостински терен против Мајорка, Леванте и Рајо Ваљекано.
Капацитетот на стадионот на самиот почеток на враќањето ќе биде ограничен на околу 60.000 седишта, сè додека работите не бидат целосно завршени следното лето, кога капацитетот ќе ги достигне планираните 105.000 седишта.
Вкупната вредност на овој проект за реновирање на „Камп Ноу“ е околу 1,5 милијарда евра.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
-

Преглед на вестите од светот
