Македонија
6. February 2026 - 14:11

Пријава за кавадарчанец, се заканувал преку коментар на страницата на МВР

Кавадарчанец се заканувал преку коментар на страницата на МВР, ќе му биде поднесена пријава, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

-Синоќа во 19:35 часот во ОВР Кавадарци, полициски службеници извршиле службен разговор со А.Х.(35) од Кавадарци. Тој на објава на официјалната фејсбук страна на Министерството за внатрешни работи, напишал коментар со заканувачка содржина. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против А.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.