Македонија
7. September 2025 - 19:24

Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект

Приведен е 18-годишен скопјанец кој пред угостителски објект во Скопје учествувал во две одделни тепачки, а во едната извадил и пиштол, но бил совладан од обезбедувањето на објектот по што му бил одземен пиштолот. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 18-годишниот М.К. е приведен синоќа 20 минути по полноќ.

- Според пријавеното, пред угостителскиот објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и М.З.(20) и А.И.(19) од Скопје, од друга страна. Исто така, според пријавеното, во одделен случај пред истиот угостителски објект, настанала физичка пресметка помеѓу М.К. од една страна и А.И. и С.Х.А.(21) од друга страна,  при што М.К. извадил пиштол и го вперил кон нив, но бил совладан од обезбедувањето на објектот и пиштолот му бил одземен, стои во информацијата од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што најавува МВР, ќе следуваат соодветни пријави.

 

МИА