-->
-->
Приведен 28-годишен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Египет
-->

На 08.12.2025 во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен назор Богородица го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.
При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет. Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
