Приведен 47 годишен тетовец, управувал возило со 177 километри на час на место каде е ограничено 80 | ФОТО

Денеска (01.07.2026) во 18:00 часот на патот Гостивар-Тетово поточно на клучка Боговиње од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена возило со брзина од 177 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч.
По насоки на јавен обвинител К.Б. од Тетово е лишен од слобода кој управувал патничко возило "шкода" со тетовски регистарски ознаки. Против возачот К.Б. (47) од Тетово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по чл.297-а од Кривичниот законик на РСМ.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
