-->
-->
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-->
На 24.8.2025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т.Т.(51) од Охрид.
Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина.
Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „застава“ со калибар 12 мм.. Лицето било задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар