Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол
Денеска (27.07.2025) во 01.48 часот во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода Т.С.(36) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта.
Исто така, денеска (27.07.2025) во 02.40 часот на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода З.М.(35) од село Моштица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „чироки“ со италијански национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,00 промили алкохол во крвта.
На 26.07.2025 во 13.25 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода Н.И.(39) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,36 промили алкохол во крвта.
На 26.07.2025 во 21.49 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници го лишиле од слобода И.Д.(55) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвт.
Тие биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот