Македонија
10. July 2025 - 16:35
Рокас: Идентитетот и јазикот најдобро се бранат со членство во ЕУ
Евроамбасадорот на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас, смета дека најновиот извештај на Европскиот парламент е силен ветер во грб за македонската европска агенда.
Документот, вели Рокас, експлицитно ги охрабрува реформите во правосудството, борбата против корупцијата и сите клучни сектори, потврдувајќи дека јазикот и идентитетот воопшто не се тема на преговорите.
Најдобрата заштита на секој идентитет е полноправно членсто во ЕУ, порачува евроамбасадорот.
-->
-->