Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги предупреди НАТО и Европската Унија дека „секоја агресија против мојата земја ќе биде пречекана со решителна реакција“, објави Ројтерс.
Додека војната на Русија во Украина продолжува, тензиите по источната граница на НАТО ескалираа во последните недели откако Естонија ја обвини Москва дека испратила три борбени авиони во нејзиниот воздушен простор, а авионите на НАТО собориле руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор.
-Русија е обвинета дека речиси планира да ги нападне земјите од НАТО и Европската Унија. Претседателот Путин постојано ги негираше овие провокации – изјави Лавров пред Генералното собрание на Обединетите нации.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оваа недела дека ја поддржува идејата за соборување на руски авиони што го нарушуваат воздушниот простор на НАТО, како дел од реторичката промена во која се потсмеваше на воените акции на Русија во Украина и ја опиша руската страна како „хартиен тигар“.
САД, исто така, му кажаа на Советот за безбедност на ОН дека ќе „бранат секој сантиметар од територијата на НАТО“.
МИА
Ново на Сител
-
Камерите ќе го зголемат бројот на казни за сообраќајни прекршоци
-
Тротоарите во Скопје непроодни од ѓубре, Општина Аеродром и Градот поднесоа кривични пријави
-
Граѓаните бараат решение за Вардариште пред изборите – вчера повторно запалена депонија близу Арачиново
-
Резолуцијата на Филипче ќе добие конкретни забелешки од Владата по изборите
-
30 години дипломатски односи со САД
-
АВМУ не додели платена реклама за Левица и ЗНАМ, Апасиев со претставка до Уставен
-
ДИК го затвори избирачкиот список – 1 832 415 избирачи имаат право на глас
-
Доставени уште 5 досиеја на кардиолошки пациенти да се испитаат дали интервенциите биле направени без потреба