Руте: Тензиите околу Гренланд не би требало да го одвратат вниманието на Европа и САД од Украина

Сојузниците на НАТО не би требало да дозволат тензиите околу Гренланд да ги одвратат од потребата да ја бранат Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
– Фокусот на Украина треба да биде приоритет број еден, таа е клучна за европската и американската безбедност, рече Руте на панел дискусија на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос.
Тој укажа дека не треба да се губи од вид ситуацијата кога станува збор за конфликтот во Украина.
– Навистина сум загрижен дека ги губиме од вид и дека, во меѓувреме, Украинците нема да имаат доволно пресретнувачи за да се бранат, нагласи Руте.
Тој изјави дека нема јавно да ги коментира тензиите меѓу САД и нивните европски сојузници поради барањето на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го преземе Гренланд, кој е автономна данска територија.
– Можете да бидете сигурни дека работам на ова прашање зад кулисите, но не можам тоа да го направам јавно, рече Руте за време на панел-дискусијата.
Тој кажа дека Трамп е во право кога вели дека Арктикот мора да се заштити од руското и кинеското влијание.
– Претседателот Трамп и другите лидери се во право. Мораме да направиме повеќе таму. Мораме да го заштитиме Арктикот од руското и кинеското влијание. Работиме на тоа, да осигураме дека колективно го браниме арктичкиот регион, изјави Руте.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче уверува дека на следни избори ќе ја освојат власта, ВМРО-ДПМНЕ со критики за раководството на СДСМ
-

Јаневска: Нема предвремен распуст поради загадувањето и зголемениот број на болни деца
-

Завршни зборови за сообраќајката зад Влада, пресудата во понеделник
-

Нови можности за работна сила
-

Преглед на вестите од светот
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
