Седници на четири собраниски комисии
– Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите и Законодавно-правната комисија.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка е единствена точка на деневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија и на Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање треба да го разгледаат барањето од Агенцијата за национална безбедност за давање согласност за назначување на раководител на организациската единица за внатрешна контрола во Агенцијата.
Пред членовите на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите ќе се најдат Извештајот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија за примена на посебни истражни мерки во 2021 година и ревидиран Годишен финансиски план за 2022 година на Оперативно-техничката агенција за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронски комуникации.
Ново на Сител
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
