Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени денеска го погоди западниот јапонски регион Чугоку, по што следеа серија силни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Епицентарот на првиот земјотрес бил во источната префектура Шимане, објави агенцијата, додавајќи дека нема опасност од цунами.
„Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, оддалечена околу 32 километри, соопшти дека работењето на нејзината единица број 2 продолжува нормално.
Јапонската агенција за регулирање на нуклеарната енергија објави дека немало неправилности по земјотресот.
Вториот блок на централата беше рестартиран во декември 2024 година, првпат откако сите јапонски нуклеарни централи беа затворени по катастрофата во Фукушима во март 2011 година.
Земјотресот имаше сеизмички интензитет од горен 5 на јапонската скала од 1 до 7, доволно силен за да го отежни движењето без поддршка.
Железничкиот превозник „Вест Јапан Рејлеј“ објави дека по земјотресот, сообраќајот на брзите возови е прекинат на погодените делови.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
