Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје

Во пресрет на Новата година, претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги посети децата на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.
Претседателката во објавата на својот Фејсбук профил посочува дека во детските очи видела искрена надеж за брзо оздравување, а во умните зборови решеност за победа на болеста.
-Убаво е чувството со пакетче в раце да разговарате со новите пријателчиња за Дедо Мраз, за игра, за учење и забава. Вреди обидот барем за момент да им одлетаат мислите надвор од болницата и да ги убедите дека следната Нова година ќе ја дочекаат дома. Се чувствувате полезно кога дете ќе Ви побара телефон за да Ви се јави или кога ќе ви ја каже неговата најголема желба, а вие го посакувате истото за него. Неизмерно сум им благодарна за денешното дружење на коешто ќе ме потсетуваат на цртаните балерини на Ајла и Тијана, напиша Сиљановска Давкова.
На медицинскиот персонал им изрзола благодарност за пожртвуваноста, хуманоста, посветеноста и грижата за најскапоценото – здравјето на децата!
МИА
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
