Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург. Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“, соопштија денеска од нејзиниот кабинет.
Предвидено е претседателката да оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а на агендата е и Глобалниот семинар во Салцбург.
Како што соопштија од нејзиниот кабинет, за време на престојот, претседателката ќе ја посети македонската православна црковна општина „Свети Архангел Михаил“ во Халејн.
Оттаму потсетија дека Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на Европа. Настанот обединува водечки политичари, дипломати, експерти и бизнис лидери.
Главна тема на самитот годинава е „Европа – суверен глобален играч?“, со фокус на безбедноста на континентот, економската конкурентност, демографските промени и проширувањето на ЕУ.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
