Скопје: Запленета голема количина кокаин со проценета вредност од 10.000 евра
Во рамки на континуираните полициски активности за сузбивање и откривање на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога, денеска (05.08.) во 01:00 часот од страна на полициски службеници од Единицата за наедозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена Судска наредба за претрес, извршен е претрес на дом на лицето Е.Е. (41), соопшти МВР.
Притоа полициските службеници открија и запленија една кеса со околу 100 грами прашкаста материја – кокаин, чија што вредност се проценува на околу 10.000 евра. Во координација и по насоки од надлежен ЈО лицето е лишено од слобода во Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар каде што е задржан за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против истиот ќе следи соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани