Македонија
4. March 2026 - 8:17

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование

Собранието денеска на 90. седница треба да одлучува за избор на нови заменици на министрите за одбрана и за образование и наука. 

Предлог за заменик министер за одбрана е Адмир Шабани, поранешен портпарол на Државната изборна комисија, а за заменик министер за образование и наука Дритон Сулејмани, поранешен советник во Општина Куманово и портпарол на Вреди. 

На дневен ред на седницата е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка. Според образложението, со измените треба да се овозможи ажурирање на целокупната слика во Катастарот на недвижности и инфраструктура за тоа каде се наоѓаат сите електронски комуникациски мрежи и средства, со цел нивно поефикасно, полесно и побрзо одржување. Со тоа би се спречило и евентуално настанување на несакани штети доколку во иднина има потреба од градење на друг објект или поставување опрема на места каде веќе се поставени електронски комуникациски мрежи и средства.

 

МИА