Сончево и ветровито, утринските температури до -5 степени, дневните до 10

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Како што најавува УХМР, следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во првите денови од следната седмица наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер, локално над 60 километри на час.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
