Средба Муцунски - Фидан, фокус на билатералните односи, економската соработка, инвестициските можности

На маргините на вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој денеска се одржува во Истанбул, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.
Како што информираат од МНРиНТ, фокусот на разговорите бил ставен на билатералните односи, економската соработка, инвестициските можности и продлабочувањето на соработката во области од заемен интерес. Во тој контекст биле потврдени одличните политички односи меѓу двете држави и исклучително успешната соработка во повеќе области.
- Посебен акцент беше ставен на зајакнувањето на економската соработка и поефикасното искористување на инвестициските можности, како и на продлабочувањето на соработката во други области од заемен интерес - се вели во соопштението од Министерството.
Двајцата министри го потврдиле и силното сојузништво во рамките на НАТО, како и меѓусебната поддршка во регионалните иницијативи и мултилатералните организации.
Разговорите опфатиле и актуелни регионални и геополитички прашања, при што била нагласена важноста од стабилен и просперитетен регион.
MИА
Ново на Сител
-

Мицкоски на средби со државни и бизнис делегации во Давос
-

Грипот и понатаму со бројки над 2000 случаи – досега три смртни случаи поради компликации од вирусот
-

Во струмичко-валандовскиот регион речиси двојно повеќе заболени од грип во однос на лани
-

Скратени часови во „Здравко Цветковски“ поради проблем со парното
-

Шилегов и Деспотовски контра Филипче, тој ги обвинува за соработка со власта
-

Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
-

СВР Скопје станува Оддел за внатрешни работи, поголеми ингеренции и повисоки плати за скопската полиција
-

Превозниците во паника – не депортираат од Унијата како криминалци
