Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици. Околу 3 проценти не дошле на испитите.
Јаневска изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година кога просечна оценка била 3.26 и бидејќи немало голем број препишувања. Како што рече, 172 се обиделе да препишат и да го „надмудрат“ системот.
Биле поднесени 507 приговори по сите предмети.
Мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски и српски), кој е задолжителен за сите матуранти, се полагаше на 31 мај, а вториот испит, кој е изборен за учениците, беше на 11 јуни.
Матурантите кои во јуни не ја положиле државната матура или не во целост, ќе полагаат во августовската сесија – на 12 август е испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).
Државната матура во нашиот образовен систем се спроведува од 2007 година, во јунска и во августовска испитна сесија. Не беше организирана само еднаш - на крајот од учебната 2019/2020 година поради Ковид-пандемијата.
МИА
Ново на Сител
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања