Струшките плажи и годинава без спасители на вода
Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители на отворени води. Интерес кај концесионерите нема, потврди за МИА секретарот на општинската организација на Црвениот крст - Струга, Адуриме Даути.
На обуката за спасители на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава се пријавиле и ја поминале само две лица, кои се стекнале со соодветен сертификат. Но, според Даути, струшкиот Црвен крст на располагање има осуммина спасители на отворнеи води, обучени претходните години.
- Интерес од концесионерите речиси и да нема. Во моментот само еден концесионер има ангажирано четворица спасители на отворени води. Апелирам концесионерите да ги обезбедат плажите со спасители на вода. Тоа е добро за безбедноста на капачите, но и за туризмот воопшто, изјави Даути за МИА.
Потребата од спасители на вода, нагласи дека е неминовна, а тоа го покажуваат многубројните навремени реакции, кои допринеле да не дојде до несакани случаи.
И минатата година само една плажа на струшкото крајбрежје имаше ангажирано четворица спасители на вода, додека концесионерите на другите капалишта не пројавиле интерес.
Ново на Сител
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето