Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција
Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција, соопшти денеска СВР Куманово. Оттаму информираат дека полициските службеници го пронашле починатото лице е вчера, а бил извршен увид и од јавен обвините.
Полицијата информираше и за две пријави за пожари во кумановско, во село Четирце кој настанал во 14.49 часот, при што биле зафатени стрништа, необработени ниви, поголема површина со лозови насади, како и кровна конструкција на куќа сопственост на Ц.Д. и помошни простории, сопственост на М.Д. и Н.П., како и една напуштена куќа. Во пожарот нема повредени, го изгасила ТППЕ Куманово, увид извршила полицијата.
За вториот пожар во населбата „Перо Чичо“ во Куманово, полицијата била информирана во 15. 18 часот. Таму настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Д.С., кој вдишал дим, по што бил пренесен во општа болница Куманово.
Вчера околу 14.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атар на село Војник, општина Старо Нагоричане се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.П.(49) од Радовиш, товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(30) од Куманово и патничко возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(46) од с. Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане. Во незгодата нема повредени лица, а патничкото возило „сеат леон“ целосно изгорело. Увид извршила екипа на СВР Куманово.
На подрачјето на кумановско имаше 13 пожари, а гореа и површини во Старо Нагоричане.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мартин Костовски, кандидат за Куманово и организациски секретар на СДСМ
-
Реакции по извештајот за напредокот на Македонија
-
Рокас: Идентитетот и јазикот најдобро се бранат со членство во ЕУ
-
Георгиев: Спречивме Мицкоски да го искористи ЕП за политичка пропаганда
-
Приведени три лица за кои постои сомнение дека подметнувале пожари
-
18 лица побарале помош на Токсикологија како последица од пожарите
-
Обвинувања околу справувањето со пожарите
-
Охрид доби уште една шанса од УНЕСКО, Мицкоски најави рушење на дивоградбите