-->
-->
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-->
На 31.01.2025 во 01.30 часот на улица „Есат Мезелџиу“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода А.Љ.(23) од Дебар. Тој, претходно, на улица „Јусуф Багери“ во Дебар, управувајќи возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, не застанал на полициската патрола од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Дебар и се дал во бегство.
Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Есат Мезелџиу“ и било констатирано дека не поседувал возачка дозвола и дека возилото го управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони