-->
-->
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола
-->
На магистралниот пат Битола-Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа" со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И. (37) од Битола, и товарно возило „ивеко" со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани.
Од СВР-Битола соопштија дека во несреќата, на местото на настанот починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С. (42) од Велика Британија, а смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола. Сопатникот во патничкото возило М.К.Д.Ј. од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош.
Увид во присуство на јавен обвинител врши увидната екипа на СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу