Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва, денеска ќе се сретнат со Путин

Авионот со специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер, пристигна од Абу Даби на московскиот аеродром „Внуково“.
Двајцата денеска во Кремљ ќе разговараат со рускиот претседател Владимир Путин, по дводневните трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД во Абу Даби.
Пред средбата со Путин, Виткоф и Кушнер ќе разговараат со Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство, кој раководи и со Рускиот фонд за директни инвестиции. Дмитриев ги пречекал американските пратеници на аеродромот „Внуково“.
Виткоф и Кушнер денеска треба да пристигнат и во Даблин, каде што ќе се одржи деветтиот самит на Европската политичка заедница, на кој се очекува учество на околу 50 европски лидери.
За време на Самитот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ќе има билатерални средби со европски државни и владини претставници, меѓу кои и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Се очекува Зеленски во Даблин да разговара и со Виткоф и Кушнер за преговорите за завршување на војната во Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
-

Обвинителот Игорчо Крстов бара Ива Михаилова јавно да се извини за клеветењата
