Зеленски и Мерц го потврдија единството пред средбата на украинскиот претседател со Трамп

Пред планираната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот лидер Володимир Зеленски разговараше за неговите следни чекори со германскиот канцелар Фридрих Мерц, објави ДПА.
„Ги координираме нашите ставови и сите во Европа мора да бидат на иста страна во одбраната на нашиот европски начин на живот, независноста на нашите земји и мирот во Европа. Треба да има мир“, напиша Зеленски синоќа на социјалната мрежа Икс.
Од своја страна, Мерц на Икс објави „остануваме на ваша страна без двоумење“.
„Силен, координиран европски пристап останува неопходен за мирот, слободата и безбедноста. Берлинската група е подготвена да помогне - во тесна координација со нашите американски партнери“, напиша Мерц.
Зеленски исто така рече дека го информирал Мерц за „работата со американските претставници“.
„Сите се сеќаваме на форматот на средбата во Берлин и продуктивноста што беше постигната таму. Продолжуваме да работиме на овој начин. Се согласивме да продолжиме да дејствуваме заедно со Европејците“, додаде украинскиот претседател.
Средбата на врвот во Берлин во средината на декември беше првата голема средба за војната во Украина на која учествуваа САД, Украина и водечките Европејци во земја од ЕУ, по новиот обид на Трамп за мировен договор во ноември, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
-

Преглед на вестите од светот
