Цементарница УСЈЕ: Емисиите постојано се под граничните вредности определени со закон
Eмисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон. Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите, соопштија од Цементарница УСЈЕ.
Додаваат дека производството запира доколку филтрите не работат и оти технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.
– Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на ПM10 честички во воздухот
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (ПM10 честички) во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата. Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина, наведуваат од УСЈЕ.
Ново на Сител
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
-

Нема да се прави ребаланс на буџетот за минималец од 600 евра
