Годишнина од заседата кај Ваксинце
Дваесет и три години одминаа, а болката и тагата по двата млади животи положени на олтарот на татковината, никако не стивнува. На денешен ден, во конфликот во 2001-ва година, во заседа кај Ваксинце, загинаа бранителите Влатко Петров и Димитар Двојаковски.
- Тешко е да се опишат чувствата за денешниот ден. Влатко ми беше сосед . И по толку години болката се уште е свежа и не минува, изјави Васе Јовевски, од Здружението на граѓани „Влатко Петров„.
Kобното утро Петров и Двојаковски, биле дел од групата составена од седум војници кои со транспортер се враќале од терен. Иако имало барикади кај Ваксинце, добиле наредба да продолжат. Влегувајќи во селото, во заседа од УЧК, биле нападнати од сите страни.
- Кога ја поминале барикада, навлегувајќи во селото, веднаш влегле во заседа. Се нашле сардисани од сите страни, без можност за борба, бидејќи се враќале од позиции и биле во возилото. Поразителен е фактот дека сите биле убиени. Познато за тој напад е што соодносот на војниците наспроти терористите бил 1 спрема 10, изјави Драгица Петрова, советник во општина Штип
Двојаковски загина на 33, а Петров на 24 годишна возраст. Секоја година штипјани им оддаваат почит на своите сограѓани пред споменикот на бранителите во паркот К’ртеќе на Суитлакот во Штип.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар