Инфлацијата во јануари годинава во однос на декември лани е - 0,7 проценти, во групата Транспорт - 9,3

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, изнесува - 0,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Индексот на трошоците на живот во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи зголемување од 3,2 проценти.
Цените на мало во јануари годинава, во однос на декември лани, се намалени за 2,7 процента, а во однос на јануари лани се зголемени за 1,2 процент.
Намалувањето на инфлацијата во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на живот во следните групи: Транспорт за
9,3 проценти, Информации и комуникации за 1,6 процент, Рекреација, спорт и култура за 1,5 процент, Облека и обувки за 1,2 процент, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,5 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, зголемување на трошоците на живот е забележано во групите: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 1 процент, Ресторани и услуги за сместување за 0,7 проценти, Услуги за образование, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 проценти.
Трошоците на живот во групите Осигурување и финансиски услуги, Здравствена заштита и Храна и безалкохолни пијалаци остануваат на исто ниво како и претходниот месец.
ДЗС појаснува дека поради стапувањето во сила на директно применливите регулативи на ЕУ и во согласност со препораките на Евростат, од јануари 2026 година индексите на трошоците на живот и хармонизираниот индекс на трошоците на живот се структурирани според новата европска класификација на личната потрошувачка според намената, ECOICOP-верзија 2, усогласена со класификацијата на Обединетите нации UN COICOP 2018, без промена на методолошкиот пристап на пресметка на индексите.
МИА
Ново на Сител
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
-

Срушениот потпорен ѕид на штипска Клиничка отворена закана за пешаците и возачите
-

Преглед на вестите од светот
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
