ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните да покажат грижа и одговорност кон милениците и бездомните животни
Со порастот на температурите, ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните да покажат грижа и одговорност кон милениците, но и кон бездомните животни, кои особено страдаат за време на летните горештини.
- Вашето внимание може да спаси живот. Препораки за сопственици на миленици: Вода секогаш на дофат обезбедете свежа и чиста вода за вашите миленици во текот на целиот ден. Сенка и свеж воздух никогаш не држете кучиња врзани на синцир без пристап до сенка. Тоа претставува малтретирање и е казниво. Без животни во автомобил ниту за само 5 минути"! Температурата во возило може да порасне до фатални нивоа за само неколку минути, дури и кога надвор не изгледа премногу топло. Шетајте ги милениците рано наутро или доцна навечер асфалтот во текот на денот може да биде екстремно врел и да ги изгори шепите, посочуваат од ЛАЈКА.
Од ЈП ЛАЈКА упатуваат и препораки за грижа за бездомните животни.
- Оставете чинија со чиста вода пред вашата зграда, двор или продавница тоа за нив може да значи разлика помеѓу живот и смрт. Внимавајте на хигиената садовите редовно чистете ги и ставете ги на место кое нема да го попречува движењето на пешаците. Покажете емпатија ако видите животно во неволја, известете ја ЛАЈKA или најблиската ветеринарна амбуланта. Вода за сите живи суштества!, велат од Лајка.
Во духот на солидарности грижа, повикуваат институциите, угостителските објекти и граѓаните да поставуваат садови со вода на јавни површини но со совесно одржување на ред, хигиена и почит кон заедничкиот простор.
- Летото е време за уживање, но и за одговорност. Грижата за животните не е само хуманост таа говори за нас како заедница, наведуваат од ЈП ЛАЈКА.
МИА
Ново на Сител
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен
-
Телохранителот на премиерот обвинет за оддавање службена тајна, негира вина
-
Казанџи Груп пред нова инвестиција