Љутков: Установите од културата сега имаат повеќе пари за програми и проекти зашто буџетот не им се крати за исплата на плати
Институции со ограничени ресурси, многу започнати, но со години нереализирани капитални проекти, заглавени во административни лавиринти или нефункционално планирани - затекнал министерот за култура и туризам Зоран Љутков при преземањето на функцијата.
На средба со новинарите на која информираше за работата на Министерството во изминатата година, Љутков кажа дека се фокусирале на стабилизирање на работата на културните установи, ревизија на капиталните проекти и воспоставување јасна динамика за нивна реализација, почнале и процес на реформа на културната политика за да биде, рече, инклузивна, транспарентна и ориентирана кон реалните потреби на културните работници и публиката.
Соопшти дека згаснува Агенцијата за поддршка на туризмот и 30-ина вработени преминуваат во Министерството за култура и туризам, за што е подготвена систематизација на работни места.
Формиран е и Инспекторатот за македонски јазик, наскоро ќе биде објавен оглас за инспектори, во план е да има 12 што ќе се грижат за почитување на Законот за употреба на македонскиот јазик.
-Капиталните објекти, како што се изградба, обнова и реконструкција на културните институции, се еден од нашите врвни приоритети. Скоро сите беа заглавени во некакви лавиринти или без јасна слика за динамика и приоритети, рече Љутков, додавајќи дека имаат план за нивно завршување или реорганизирање.
Посочи дека со ребалансот на буџетот се обезбедени дополнителни средства од 267.811.000 денари наменети за плати на вработените во националните и локалните установи од културата, за исплата на државните награди, за национални пензии и национален уметник.
Подвлече дека е надминат проблемот што постоел од 2019 до 2024 година кога, поради немање согласност од Министерството за финансии, пари за плати не се обезбедувале директно од буџетот туку нив требало да ги обезбеди Министерството за култура (по околу три до пет милиони евра годишно) и морало да се крати од парите за програми. Откако има позитивна согласност од Министерството за финансии, рече, установите сега имаат многу поголем буџет за програми и проекти.
Со ребалансот на буџетот наменет за Агенцијата за поддршка на туризмот, по нејзиното згаснување и трансфер на вработените, во Министерството за култура и туризам дополнително се обезбедуваат 605 милиони денари или околу 10 милиони евра. Тие се распределени во неколку ставки и ќе бидат искористени за поддршка и промоција на културата и туризмот: за активности на Плаошник, Скопското кале, за Агенцијата за филм, Турски театар-Скопје, за откуп на ликовни дела, креативни индустрии итн.
Ново на Сител
-
Службите можат да здивнат - Само еден активен пожар на Готен
-
Фондот за здравство плаќал за лекување во странство, ама не водел контрола каков е исходот
-
Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани
-
Николоски: Пет нови авиолинии од Скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
-
Собранието ја почна 61.та седница, спикерот Гаши зборуваше за процедурата за изборот на народен правобранител
-
Бродот амбуланта и ова лето не функционира
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорѓиевски: Платите треба да растат колку и продуктивноста