МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена

Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот и извршен персонал денеска е заокружена исплатата на ноемвриската плата и се работи на реализирање на останатите барања.
- Денес остваривме средба со државниот секретар во Министерството за транспорт г-дин Стефан Волкановски во врска со делумниот бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт. На средбата отворено разговаравме за проблемот и ја известуваме јавноста дека истиот е надминат, исплатен е вториот дел од платата за месец ноември 2025 година и се работи активно на реализирања на останатите барања на Синдикатот, изјави за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикалната организација на машиновозачи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт..
МЖ Транспорт, дополнува Димовски, продолжува со непречена тековна работа и останува во тесна координација со државните институции за надминување на предзвиците со кои се соочува претпријатието.
Првите возови што ќе стартуваат попладне по прекинот на делумниот бојкот се на релациите Скопје - Гвегелија во 16:55 часот и Скопје - Куманово во 16:57 минути.
Во тек на бојкотот што почна вчера во 04.47 часот сообраќаа поголемиот дел од товарните возови.
Првиот дел од плататата за ноември е исплатен на 18-ти минатиот месец, а со денешната исплата се заокружува ноемвриската плата, додека продолжува координацијата за реализација на барањата на синдикатот за исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.
МИА
Ново на Сител
-

Две лица загинаа, откако со возило излетаа во Радика: Низа сообраќајни несреќи поради замрзнати коловози
-

Клиниката Козле полна со болни деца – за 24 часа и по 250 прегледи
-

Мицкоски: Забрзано се спроведува реформската агенда што ја бара Брисел
-

Опозицијата предвидува тешка 2026 година и избори, премиерот одговори: Внимавајте што посакувате
-

Започна конзервацијата на фрескоживописот на црквата откриена над селото Банско
-

Инфлација под 3%, цените во маркетите под инспекциска лупа
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
