-->
-->
Пет активни пожари претпладнево во земјава
-->
На територијата на нашата земја денеска до 12:30 часот има пет активни пожари на отворено, а исто толку се под контрола, информираат од ЦУК.
Активни се пожарите во во близина на Тиквешко Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, во село Магленце каде е опожарена ниска вегетација и шума, во Штип на улица Асном каде е запалена ниска вегетација, во село Долгаец гори мешана шума и во село Подвис годи ниска вегетација и стрниште.
Под контрола се пожарите во повеќенаменското подрачје Јасен (мешана шума), на планината Кожуф (приземен пожар), село Мерово (мешана шума), село Страгово (ниска вегетација) и село Мрежичко место викано Мушов (ниска вегетација и нискостеблеста шума).
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште