Поранешната претседателка на ДКСК Димитровска не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска пред Судот рече дека ја разбира содржината и не го признава делото и не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари - оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
- Сметам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета - изјави Димитровска.
Димитровска, при произнесување пред Судот, рече дека сега е вработена во Државниот завод за ревизија, како помошник на државниот главен ревизор.
Димитровска е обвинета за две кривични дела - одавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, како и за компјутерски фалсификат, односно дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации.
Покрај Димитровска, на обвинителна клупа седнаа и ревизорот Столевски, како и Билјана Петровска-Мантева, која се товари за одавање службена тајна.
Столевски и Петровска-Мантева пред судот рекоа дека не се чувствуваат виновни.
Билјана Петровска-Мантева, сега вработена во АД Електрани на Северна Македонија, подружница ТЕЦ Неготино, како самостоен референт за плаќање, на денешното судење рече дека го разбира обвинителниот предлог и рече дека не се чувствува виновна за делото што и се става на товар.
Миле Столевски, вработен во Државен завод за ревизија, како виш ревизор, изјави дека го разбира обвинителниот предлог и дека не се чувствува виновен за кривичното дело што му се става на товар.
По произнесувањето на вина, Јавното обвинителство продолжи со изведување на материјални докази, читајќи и презентирајќи потврди за извршени претреси и одземени предмети кај обвинетите.
На почетокот на денешното рочиште одбраната на Татјана Димитровска, адвокатот Владимир Туфегџиќ, се произнесе по доставен поднесок до Судот, со кој, како што рече, одбраната на Татјана Димитриеска бара јавниот обвинител да го повлече обвинението од причина што по доставената листа на докази одбраната се обратила со барање до ДКСК да се произнесе по четирите предмети по кои се терети Татјана и е доставено известување дека седниците се пренесувани јавно и се достапни и во овој момент и на нив биле елаборирани сите документи и докази кои Јавното обвинителство и ги става на товар на обвинетата за оддавање на државна тајна.
- Ниту еден документ кој бил предмет на расправа на јавна седница немал класификација службена тајна - рече Туфегџиќ.
Обвинетата, како што рече Туфегчиќ, не спори дека имало комуникација со Миле, а таа била во насока на пополнување на апликацијата што и се става на товар. Одбраната, нагласи Туфегчиќ, смета дека нема елементи на кривично дело зошто тоа не е забрането по закон, ниту е јасно дефинирано пополнувањето на апликацијата.
Јавната обвинителка Наташа Поп Трајкова, по ова го замоли Судот да укаже на одбраната дека е недозволено да се упатуваат коментари кон јавното обвинителство, пред излагањето на јавниот обвинител по листата на докази.
- Од тие причини ЈО го задржува правото да се произнесе по листата на докази доставени од одбраната во моментот кога одбраната ќе започне со изведување на доказите и по истата обвинителство ќе се произнесе по предложените докази. Сметам дека судот треба да продолжи со постапката на произнесување по обвинителниот предлог- изјави Наташа Поп Трајкова.
Во текот на досегашната постапка Обвинителството побара предметот да се спои со случајот „Адитив“, но судот одлучи постапката да се раздвои само во однос на обвинетиот Борче Најдов.
Бранителот на Димитровска, адвокатот Владимир Туфегџиќ, тврди дека информациите што таа ги споделила не претставуваат службена тајна, туку се јавно достапни податоци, а за делото поврзано со сертификатот посочува дека клучни биле безбедносните проверки на Агенцијата за национална безбедност, а не самиот тест.
Одбраната најави сведочење на претставници од АНБ и од ДКСК и очекува ослободителна пресуда.
Од Обвинителството, пак, посочуваат дека располагаат со цврсти материјални и вербални докази и анализа на податоците екстрахирани од мобилниот телефон на Димитровска, кои опфаќаат речиси 250.000 електронски записи.
Следното рочиште за случајот е закажано за 16 април оваа година.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
