-->
-->
Пожарот кај Тиквешко Езеро под контрола, изгаснат пожарот кај Мушов Гроб
-->
Пожарот кај Тиквешко Езеро е ставен под контрола, изгаснат е пожарот кај Мушов Гроб, информираа синоќа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- По напорните и повеќечасовни обиди за гаснење на пожарите што денеска избија на територијата на Кавадарци, информираме дека пожарот на Мушов Гроб (Кожуф) е целосно изгаснат. Пожарот на Тиквешко Езеро е ставен под контрола, споделија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму најавија дека денеска во раните утрински часови, со хеликоптер ќе се изврши дополнителна контрола.
- Багодарност до Територијалната противпожарна единица Кавадарци, како и до сите служби и граѓани кои учествуваа во справувањето со огнената стихија, истакнаа од градоначалничкиот кабинет.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца