Се намалуваат водостоите на реките

Водостоите на речиси сите реки во земјава бележат благо намалување во споредба со вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Исклучок се реките Струмица на мерното место Сушево каде има зголемување на водостојот од четири сантиметри во споредба со вчера и Црн Дрим кај Ложани каде нивото е повисоко за 31 сантиметар во споредба со вчерашното, како и Бабуна на мерното место Богомила каде водостојот е ист со вчерашниот.
Зголемување од еден сантиметар во споредба со вчера има и нивото на Охридското Езеро, додека кај другите две природни езера во земјава водостојот е ист со вчерашниот.
Со тоа, нивото на Охридското Езеро е за 10 сантиметри повисоко од историскиот просек за јануари, кај Преспанското е за 2,33 метри пониско од просечното, а кај Дојранското Езеро е за 85 сантиметри повисоко од просекот за јануари, но сепак е 96 сантиметри под договорениот минимум.
МИА
Ново на Сител
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
-

Саит Саитов кој со „пасат“ усмрти жена кај Капиштец претходно бил казнуван за управување возило без возачка дозвола
-

Угостителите не кажуваат какви забелешки имаат за новиот закон за заштита од пушење
-

Опструкции и влошени пневмонии ја наполнија клиниката Козле – Дневно над 250 прегледи
-

Маските во Вевчани продефилираа во препознатлив дух
-

Не се издавале изградени објекти во ТИРЗ, се склучувале договори без анализи, се исплаќале плати без критериуми
