Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
Од 6 до 9 јуни ќе се одржат Европските парламентарни избори. Студентите од Правниот факултет при штипскиот Универзитет беа дел од симулацијата на изборниот процес, со цел подобро да се запознаат со организацијата и улогата на европските избраници. Европратеник може да биде секој кој има регулиран претстој во земјите од Унијата.
- Има соодветен систем, кој не содејствува со класичните наши парламентарни избори. Има европски политички партии кои се транснационални, значи потекнуваат од повеќе од една држава и ги собираат на едно место сите оние следбеници или заинтересирани гласачи, изјави Ана Никодиновска-Крстевска, професорка по меѓунардно право, Правен факултет-УГД - Штип
Во однос на ингеренциите е коодлучувач или заеднички легислатор со Советот на министри и освен законодавна, има улога и на политичка контрола на институциите и го одобрува буџетот.
- Има голема улога кога се определуваат конечните ставки и трошењето на буџетот во ЕУ, додаде Никодиновска-Крстевска
И европското законодавство во делот на изборите има соодветни недостатоци.
- Начинот на којшто се определуваат седиштата, местата и итн., или пак начинот на кој се бираат, не секојпат се репрезентативни на малите политички партии или слично. Така што постојано работат на унапредување и на нормите и на нивниот деловодник, изјави Никодиновска-Крстевска
Парламентот е составен од 736 пратеници, кои се избираат од страна на најголемиот транснационален демократски електорат во светот од близу 400 000 гласачи.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар