Владата чека оставка од обвинителот Коцевски
Јасна беше волјата на пратениците и пораката која вчера ја испрати Собранието. Тоа е силен институционален сигнал кој не може и не смее да биде игнориран. Очекуваме државниот јавен обвинител да постапи морално и да поднесе оставка. Тоа би било одговорен и достоинствен чин, во интерес на правдата и довербата на граѓаните.
Во исто време, вчерашниот исход ја потврди и неоснованоста на тезите што со месеци беа пласирани од опозициските партии за наводна спрега помеѓу Владата и Обвинителството. Тие тези денес паднаа во вода. Оваа Влада не калкулира со правдата.
Дополнително, реториката на ДУИ, базирана на поделби и страв, уште еднаш се покажа како празна и насочена исклучиво кон задржување на моќта. Наместо да ја злоупотребуваат етничката чувствителност за лични политички цели, најмалку што треба да направат е да се извинат на Албанците за лагите со кои со месеци ги кажуваа. Време е да почнеме да градиме политика на одговорност, а не на манипулација.
Ново на Сител
-
Службите можат да здивнат - Само еден активен пожар на Готен
-
Фондот за здравство плаќал за лекување во странство, ама не водел контрола каков е исходот
-
Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани
-
Николоски: Пет нови авиолинии од Скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
-
Собранието ја почна 61.та седница, спикерот Гаши зборуваше за процедурата за изборот на народен правобранител
-
Бродот амбуланта и ова лето не функционира
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорѓиевски: Платите треба да растат колку и продуктивноста