Две лица загинаа, 10 се водат како исчезнати во поплави во источна Кина
Две лица загинаа, а 10 се водат како исчезнати по поплавите предизвикани од обилните дождови што утрово зафатија источна кинеска провинција, соопштија локалните власти.
Невремето го погодило округот Лајву во Џинан, главен град на провинцијата Шандонг, со 364 милиметри врнежи, соопштија регионалните власти.
Дождот предизвикал поројни поплави во близина на две села во општината Давангжуанг, при што биле уништени 19 куќи, пренесе Синхуа. Локалните власти почнаа операции за пребарување и спасување.
Провинцијата Шандонг е густо населен регион на источниот брег на Кина. Летните монсунски дождови често го погодуваат овој дел од земјата, но екстремните временски услови во последните години станаа почести и поинтензивни, што многу експерти го поврзуваат со климатските промени.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта