Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна

- Од јануари до август годинава се спроведени вкупно 74.838 инспекциски надзори во чии рамки се уништени 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и од увоз. Забранет е увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло, а во земјите на потекло се вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов.
Во истиот период, нагласи Миланов, преку Одделението за заштита на потрошувачите, од страна на физички и правни лица се поднесени над илјада илицијативи за спроведување инспекциски надзор, најммогу од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните.
На настанот по повод Светскиот ден на храната, директорот напомена дека безбедната храна е основа за здравјето на граѓаните, довербата на потрошувачите и одржливиот развој на прехранбениот сектор.
- Денес ја истакнуваме важноста на заедничката одговорност на институциите, производителите, операторите со храна и потрошувачите во обезбедувањето безбедна и квалитетна храна. Нашата цел не е само да реагираме кога ќе се утврдат неправилности, туку и преку превентивни активности, едукација и соработка со сите чинители да придонесеме кон повисоко ниво на безбедност на храната. АХВ во рамки на своите законски надлежности, континуирано спроведува контроли во домашниот промет и при увозот на храна, со цел навремено откривање и отстранување на ризиците по здравјето на луѓето. Истовремено, остваруваме соработка и координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Платежната агенција и другите надлежни институции, бидејќи безбедноста на храната бара интегриран пристап – од примарното земјоделско производство, преку преработката и дистрибуцијата, до крајниот потрошувач, потенцира директорот.

Според него, податоците за надзорите ја нагласуваат улогата на официјалните контроли во спречувањето на внесувањето и ставањето во промет небезбедна храна.
- Нашата цел не е само да реагираме кога ќе се утврдат неправилности, туку и преку превентивни активности, едукација и соработка со сите чинители да придонесеме кон повисоко ниво на безбедност на храната. Bезбедната храна е заедничка одговорност. Само со доследно почитување на законските обврски, ефикасни контроли и меѓуинституционална соработка можеме да обезбедиме заштита на здравјето на граѓаните и поголема доверба во храната што се произведува, увезува и консумира во нашата земја, порача Миланов.
На настанот по повод Светскиот ден на храната, учествуваат стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Разговараат за електронската трговија на храна, медиумската промоција и рекламирањето на храната, додатоците во исхраната и храната за спортисти.
Покрај директорот на АХВ, Миланов, присутни се и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска, како и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.
Панелот е во организација на Општина Кисела Водата, АХВ и Институтот за јавно здравје. Учествуваат и граѓани, претставници од градинките, основните и средните училишта од Кисела Вода, како и од спортските клубови, оператори со храна и други претставници од општината.
МИА
Ново на Сител
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
