Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“

Во Собранието денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“, по повод Меѓународниот ден на белиот стап.
Настанот е во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов" и Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија и Зета - Организација за попреченост и правда.
На настанот воведни обраќања ќе имаат Никола Мицевски, претседавач на ИППГ за правата на лицата со попреченост, Александра Јаковчевска, директорка на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов" и Валентина Ѓурчиновска, претседателка на Здружение на слепи и лица со оштетен вид Скопје.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на панел-дискусијата ќе се обратат Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, Ѓоко Велковски, министер за социјална политика демографија и млади, Весна Јаневска, министерка за образование и наука, владината портпаролка Марија Митева и Емилија Ангелова, член на ИППГ за правата на лицата со попреченост.
Во рамки на настанот предвидено е да се обратат и Беира Салифоска од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Кети Петреска од Сојузот на слепи на Република Северна Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
