Папа Франциск: Вештачката интелигенција има нарушувачки можности и амбивалентни ефекти

Папата Франциск повика на глобално размислување за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција, укажувајќи на „нарушувачките можности и амбивалентни ефекти“ на новата технологија.
Папата, кој има 86 години и претходно изјави дека не знае да користи компјутер, го издаде предупредувањето во пораката за следниот Светски ден на мирот на Католичката црква, кој се паѓа на Нова година.
Ватикан ја објави пораката многу однапред, како што е вообичаено.
„Папата нè потсетува на потребата да бидеме будни и да работиме логиката на насилство и дискриминација да не пушти корен во производството и употребата на таквите уреди, на штета на најчувствителните и најисклучените“, се вели во пораката.
„Итната потреба концептот и употребата на вештачката интелигенција да се насочи на одговорен начин, за таа да биде во служба на човештвото и заштитата на нашиот заеднички дом, бара етичкото размислување да се прошири и во сферата на образованието и правото“, се додава во пораката.Во 2015 година, папата Франциск призна дека технологијата е „катастрофа“, но интернетот, социјалните мрежи и СМС пораките ги нарече „дар од Бога“, под услов да се користат мудро.
Во 2020 година, Ватикан ги здружи силите со технолошките гиганти Мајкрософт и ИБМ за да го промовира етичкиот развој на вештачката интелигенција и да повика на регулирање на наметливите технологии како што е препознавање на лицето.
Ново на Сител
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
-

Се одложува пресметката на просечна потрошувачка кошничка зашто синдикатите и работодавачите не дале мислење
-

Бугарија понуди помош за снабдување со мазут, Владата ја одби
-

Собранието ги избра новите министри - Сали за евроитеграции, Хоџа за животна средина
-

Вратени иселенеци на форум во Влада - И Македонија може да биде „ветената земја“
-

Паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а ќе го управува „Градски паркинг“ - Ќе се реши ли хаосот?
-

100 возила за Пошта
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради зграда на 40 спрата во Дубаи - Филипче си купил стан
